Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Општина Кисела Вода го потврдува реномето на локален лидер во енергетска ефикасност
25.04.2013

Имплементацијата на мерките за енергетска ефикасност во јавните објекти во општината Кисела Вода ги даваат посакуваните ефекти. Имено, општината Кисела Вода во изминатите неколку години презема низа активности за воведување мерки за енергетска ефикасност во јавните објекти. Во таа насока, општината изготви Програма за енергетска ефикасност (МЕЕП), чија цел е да се намали потрошувачката на енергија во јавните објекти и општинските услуги и на тој начин да се намали товарот на трошоците за енергија од општинскиот буџет. Главната активност на Општината е спроведување на проекти за енергетска ефикасност, кои дополнително ќе придонесат за зголемување на свеста кај граѓаните од придобивките на креирањето на локална енергетска политика.
Конкретно, Општината применува  мерки за енергетска ефикасност во вкупно 40 јавни објекти, од кои 13 објекти се бараките во кои е сместена Општината и подрачните единици на министерствата, 13 објекти се на месните и урбани заедници, 12 објекти се на основните училишта, 8 објекти се на детските градинки, а мерките се применуваат и во двете спортски сали.
Согласно последната анализа за првиот квартал од 2013 година (јануари – март) вкупната потрошувачка на енергија е 2.613,1 МWh. Со воведувањето на мерките за енерегетска ефикасност, констатирано е драстично намалување на потрошувачката на топлинска енергија кај сите субјекти приклучени на централното греење, кај кои е спроведена регулација на испораката на топлинска енергија. Имено, вкупната потрошувачка на топлинска енергија  во првиот квартал во 2013 година е 955 МWh, што споредбено со првиот квартал пред воведувањето на мерките за енергетска ефикасност (2007-2009 год.) е намалена за 911,5 МWh, односно финансиските заштеди на општината се околу 8.300.000 денари.
Слични резултати се постигнати и во делот на потрошувачката на топлинска енергија (екстра лесно гориво), каде заштедите се 1351,02 МWh (139,8 тони), односно добиена е финансиска заштеда од околу 8.110.000 денари.
Конечно, низ призмата на статистиката, како резултат на спроведените мерки за енергетска ефикасност во периодот од 01.01.2011 до 31.03. 2013,  постигнати се рекордни заштеди на топлинска енергија од 5.484,5 МWh, со што општината заштедила околу 740.000 евра. Позитивните ефекти од овие мерки се повеќестрани, имајќи го во предвид фактот дека емисијата на CО2 во воздухот е намалена за околу 1375 тони.
Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved