Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Беличанец-Алексиќ додели нови 50 решенија за легализација во Кисела Вода
27.04.2013

Процесот на легализација на дивоизградени објекти на територијата на општина Кисела Вода продолжува со добро темпо. Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ денеска додели нови 50 решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, со што бројката на вкупно решени предмети за легализација достигна 1486 предмети.
Од вкупно регистрираните 11.871  дивоградба за кои е поднесено барање за легализација во Општина Кисела Вода, 4954 предмети се во административна постапка, а 5.295 предмети се незапочнати, односно се со нецелосна документација (најчесто недостасува Геодетски елаборат).
Трите општински комисии што ја спроведуваат работата на терен, секојдневно работат на делот што опфаќа проверка и констатирање на фактичката состојба во која се наоѓаат дивоградбите. Една комисија дневно поминува од 20 до 40 објекти во зависност од нивната местоположба
-“Воспоставувањето урбанистички ред и успешно заокружување на процесот на легализацијата на дивоградбите во Општина Кисела Вода претставува заеднички интерес за сите нас.” – потенцираше градоначалникот Беличанец - Алексиќ.
Таа ги повика граѓаните кои сеуште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, како би можеле во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби. Истовремено, ги потсети сите правни и физички лица на кои им е изготвена Урбанистичката согласност, во најкраток можен рок да го платат надоместокот, за да може да се продолжи постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите.
-“Во насока на поефикасно спроведување на Законот и конечно решавање на овој горлив проблем со кој се соочуваат граѓаните, општината Кисела Вода формираше одделение за регулирање на бесправно изградени објекти во рамките на Секторот за урбанистичко планирање, а се формираа и три комисии, кои излегуваат на терен и ја утврдуваат фактичката состојба на бесправно изградениот објект. Динамиката која природно се наметна од големиот број на предмети за легализација, подразбира решавање на преку 30 предмети за легализација на неделно ниво.” – заврши Беличанец – Алексиќ, додавајќи дека позитивната практика за делење на решенија за легализација на неделна основа ќе продолжи и во иднина.





 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved