Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Отворена за сообраќај втората делница од проширениот булевар Борис Трајковски
02.05.2013

Градоначалникот на општината Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ,  Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски вчера /01.05.2013 година/ официјално ја отворија за сообраќај втората делница од проширениот и реконструиран булевар Борис Трајковски, која што во изминатиов период се градеше на потегот од крстосницата со булеварот Србија до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“ во должина од 1.126 метри.




- Улицата “Борис Трајковски” во минатото беше “тесно грло” на Градот Скопје. Општина Кисела Вода по теренската конфигурација е тесна и долга општина, а главниот коридор за поврзување со останатиот дел на Градот претставува токму улицата “Борис Трајковски”. Реконструкцијата на првата фаза на ул. “Борис Трајковски” од старата Рампа до крстосницата со ул. “Народни Херои” во должина од 1.4 км се реализираше во октомври минатата година, а денеска сме сведоци дека за неполн месец, со брза и ефикасна работа и несебично залагање на градоначалникот на Град Скопје, г-нот Коце Трајановски веќе е реализирана и втората делница на потегот од бул. “Србија” до првиот влез на фабриката “ОХИС”.
 Со реализацијата на овој капитален проект, Владата на Република Македонија, во најголем дел градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и општината Кисела Вода со своја локална логистичка контрибуција покажуваат дека знаат да ги читаат народните потреби.




Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на Градот Скопје за реализацијата на овој проект, од кој најголем бенефит ќе имаат граѓаните на Кисела Вода. Исто така, би сакала да им се заблагодарам на жителите на Општина Кисела Вода, на нашите сограѓани, кои имаа трпение во текот на изведувањето на градежните работи и со своето однесување придонесоа кон побрза и поефикасна финализација на проектот.
Проектот за проширување и реконструкција на булеварот “Борис Трајковски” е од исклучително значење за развојот на овој дел од општината Кисела Вода, особено за индустриската зона во Пинтија, која е една од најголемите индустриски зони во Градот Скопје. Имено, реализацијата на втората и третата фаза за проширување и реконструкција на булеварот “Борис Трајковски”, на потегот од фабриката “ОХИС” до индустриската зона во Пинтија, односно до мостот на “Маркова Река”, на влезот во Драчево е од врвен економски и урбанистички приоритет на општината Кисела Вода, но и на Градот Скопје.
Велат, разликата помеѓу успешните и останатите не е недостатокот на сила или недостатокот на знаење, туку недостатокот на волја. Само со заедничка волја, упорност и беспоштедна работа, на сите засегнати институции, верувам дека овој капитален проект за проширување на бул. “Борис Трајковски” до населбата Драчево, ќе ја добие својата конечна разврска, со што преку 120.000 граѓани од Југоисточниот дел на Градот Скопје по брза и модерна сообраќајница, за многу пократко време ќе стигнат до центарот на Градот. 
Лично, длабоко сум убедена дека во следниот четиригодишен период ќе посведочиме дека проектите зацртани на хартија, можат и ќе станат реалност.
Денешното пуштање во употреба на втората делница од булеварот “Борис Трајковски” е само потврда на тоа и најдобар начин да се одбележи денешниот празник – нагласи градоначалникот Беличанец – Алексиќ.
Премиерот Никола Груевски изрази задоволство што токму на 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот завршува еден успешен проект во чија реализација беа вклучени многу работници.
- Старата улица Првомајска која беше синоним за сообраќаен метеж остана во минатото, а сообраќајницата се трансформира во модерен и проточен булевар. Посакувам Градот Скопје да реализира уште многу успешни проекти - нагласи премиерот Груевски
Градоначалникот Трајковски истакна дека со проширувањето, постојната тесна улица се трансформираше во булевар со 4 коловозни ленти широки по 3,5 метри.
- Во текот на проширувањето на коловозот на оваа делница беше поставена и атмосферска канализација во должина од 1.380 метри со променлив профил, од Ф 400 до Ф 600 милиметри. Со комплетното завршување на капиталниот проект за проширување и реконструкција на булеварот Борис Трајковски, оваа прометна сообраќајница доби нов лик во вкупна должина од 2,5 километри и се реши деценискиот проблем со кој се соочуваа скопјани –нагласи Градоначалникот Трајковски.





 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 



 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved