Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Општина Кисела Вода го прослави патрониот празник “6-ти Мај – Ѓурѓовден”
08.05.2013

Со традиционалното Цветно дефиле и богата културна програма, Општина Кисела Вода денес го одбележа патрониот празник “6-ти Мај – Ѓурѓовден”.
Цветното дефиле со околу 500 учесници, предводено од Буба клубот, група жонглери, актери и ученици од Средното музичко училиште “Илија Николовски Луј”, во класата на ударни и дувачки инструменти, кај професорот Кристијан Христовски тргна во 11:00 часот од крстосницата меѓу бул. “Борис Трајковски” и ул. ”Народни Херои”, продолжи по бул. “Борис Трајковски” и улицата “Петар Делјан” и заврши во паркот “Фредерик Шопен”.
Учениците од сите осум основни училишта и дечињата од двете јавни детски градинки беа облечени во креативни цветни костими, а на главите носеа цветни венчиња. Покрај нив, во дефилето учество зедоа и претставници на месните заедници, КУД “Китка” од Драчево и општинската администрација.
Поворката од околу 500 учесници, беше вистинска атракција за граѓаните и присутните гости.
Крајната дестинација на дефилето беше паркот “Шопен”, каде пак, се одржа свечена програма подготвена од децата од јавните детски градинки и учениците од основните училишта од општината Кисела Вода.
Свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ.
Во знак на одбележување на патронатот на општината, на 09.05.2013 (четврток), во организација на Општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвен Крст – Кисела Вода ќе организираат традиционална крводарителска акција. Акцијата за дарување крв ќе се реализира во големата сала на општината, во периодот од 11:00 – 15:00 часот.



Во прилог е интегралниот текст од обраќањето на градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ:
Почитувани,
Дозволете ми од мое лично име и од името на Општина Кисела Вода, да Ви се заблагодарам, што не почестивте со вашето присуство, по повод патрониот празник на општината – “Ѓурѓовден”.
Претставува огромна чест, но истовремено и обврска, да се раководи со најстарата скопска општина, која по својата традиција и култура претставува вистински репрезент на нашата држава. Оваа година се навршуваат 58 години од нејзиното конституирање, период исполнет со многу историски моменти, кои со златни букви ќе останат забележани во македонската историја. Некогаш најголема општина во државата, денес општина со најдинамичен развој, Кисела Вода секогаш го носи приматот на победоносец. Впрочем, токму затоа пред 14 години, симболично започна да се одбележува “6-ти Мај Ѓурѓовден”, празник посветен на Св. Ѓорѓија Победоносецот.  Овој општонароден празник, кој традиционално се слави во старата црква “Св. Ѓорѓија”, најголемиот културно-историски и традиционален споменик од минатото на подрачјето на некогашното мало село Кисела Вода е длабоко врежан во групната меморија и традицијата на населението од општината.
Почитувани,
Симболиката е и повеќе од јасна. Истрајноста на Св. Ѓорѓи во верата, се пресликува во истрајноста на Општина Кисела Вода да води проактивна и енергична општинска политика, која недвосмислено ја претвора во сервис на нејзините жители.
“6-ти Мај – Ѓурѓовден” традиционално се славел од населението во општината Кисела Вода, но со реализација на низа програмски активности од страна на општината се става белег на празнувањето на Ѓурѓовден, со еден друг, помасовен карактер. Всушност, со еден таков пристап кон патрониот празник, општината докажува дека се грижи за зачувување на традициите и обичаите, кои се коренот на нашата историја и национален белег.
Сакам да изразам голема благодарност до учесниците на нашето Цветно дефиле, групата жонглери, Буба клубот, актерите и учениците од Средното музичко училиште “Илија Николовски Луј”, во класата на ударни и дувачки инструменти, кај професорот Кристијан Христовски. Секако, сакам да се заблагодарам и на главните актери на денешното чествување, нашите дечиња од основните училишта и градинките.
За крај, дозволете да Ви го честитам во мое лично име празникот “6-ти Мај Ѓурѓовден” и да Ви посакам добро здравје, успех и благосостојба на сите полиња.
Благодарам.









Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved