Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Во ,,режија“ на Мартин Миленковски
09.05.2013

Фудбалерите на ОУ "Круме Кепески" се нови фудбалски шампиони во Општина Кисела Вода, додека капитенот на оваа екипа, Мартин Миленковски е прогласен за играч на сезоната. Тоа е епилогот од завршницата на плеј-офот од првенството во мал фудбал, што се играше во рамките на училишниот спорт, чиј годинешен покровител е градоначалникот на Општина Кисела Вода,  Билјана Беличанец –Алексиќ. Инаку, финалето на плеј-офот, наликуваше на вистински првенствен натпревар. Во првото полувреме ,,Дуња“ на двапати се закани, но голгетерот Филип Таневски не успеа да се запише во листата на стрелците. Еднаш, неговиот удар заврши во стативата, а вториот пат, топката заврши покрај голот. На спротивната страна пак, голманот Михаил Чорев правеше ,,чуда“. На неколкупати интервенираше маестрално по шутевите на  Миленковски и Атанасовски. Победникот беше решен во второто полувреме. Прво,  Миленковски го откри резултатот спроведувајќи една одбиена топка во мрежата на  Чорев, а подоцна на фудбалски начин ги постави конечните 2:0, притоа докажувајќи дека избраниците на тренерот Игор Зафировски убедливо беа најдобар тим во  измината сезоната. Во натпреварот за третото место ОУ ,,Кузман Шапкарев“ славеше лесна победа од 9:0 над  немотивираниот противник ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ“. На крајот од финалниот натпревар пехарите, медалите и дипломите ги доделија, Панче Јакимовски претседател на училишниот спорт на Град Скопје, како и, претставници на  ,,Телеком“ и ,,Телефонмонтажа“ А.Д.Скопје, годинешни спонзори на училишниот спорт.    




Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved