Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


9/20/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Се промовираа новите автобуски постојки во Кисела Вода
10.05.2013

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на ЈСП „Скопје“, Мишо Николов и градоначалникот на општината Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ денеска /10.05.2013 година/ ги промовираа новите автобуски постојки што ќе се поставуваат на повеќе локации во градот.
-На целата територија на градот ќе бидат поставени вкупно 226 автобуски постојки, а до крајот на јуни годинава ќе бидат поставени првите 50 постојки. Преостанатите ќе бидат монтирани до почетокот на 2014 година. Со реализацијата на оваа активност граѓаните ќе добијат нови, модерни и уредени автобуски стојалишта, според нивните барања и сметам дека целосно ќе бидат задоволени одредени сообраќајни стандарди. За набавката на 226-те стојалишта Градот Скопје од Буџетот ќе издвои околу 66 милиони денари, во три фискални години, истакна градоначалникот, Трајановски.
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Беличанец-Алексиќ, му се заблагодари на градоначалникот Трајановски, за укажаната чест оваа Општина да ја добие првата модерна автобуска постојка. 
- Покрај набавката на нови и модерни автобуси денеска сме сведоци дека граѓаните ќе добијат нови модерни и уредни автобуски стојалишта со што Градот Скопје и општините во него ќе го добијат епитетот европски општини, истакна градоначалничката на Општина Кисела Вода, Биљана Беличанец Алексиќ.
Новите постојки се класифицирани во две групи: Тип А – 178 постојки (со димензии 4,2 метри должина и 1,4 метри ширина) и Тип А дупла – 48 постојки (со димензии 8,4 метри должина и 1,4 метри ширина). Сите типови на стојалишта се состојат од : настрешница (носиви столбови и конструкција со покрив); застаклени површини меѓу столбовите со сигурносно калено стакло д=10мм; информативна табла со име на постојката, мапа на градот, како и возен ред на автобусите кои поминуваат на автобуската постојка; клупа за седење за три лица и канта за отпадоци.
Автобуските постојки се изработени од галванизиран нерѓосувачки челик, покриени се со лексан, застаклени се со калено стакло со дебелина од 10 милиметри, а дизајнот на информативната табла беше избран на јавен конкурс.
Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved