Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/21/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Успешен почеток на проектот „Обуки за личен и професионален развој и подготовка при вработување“
10.05.2013



На 09 мај во Општина Кисела Вода успешно започна проектот за стекнување вештини за развој на кариера, претприемаштво и информатичка технологија. Проектот го реализира Центар за жени претприемачи – Скопје и има за цел да им помогне на оние кои бараат вработување или почнуваат сопствен бизнис. Со него ќе бидат опфатени жените и младите лица до 40 години.
Обуката за претприемништво започна доста интерактивно и присуствуваа жени кои сакаат да се самовработат, кои се веќе вработени но сакаат да отпочнат свој бизнис, студенти, како и претприемачки кои сакаат да го доразвијат и прошират својот бизнис. Се одржуваше во опремени простории доделени од Општина Кисела Вода. Обуките за ИТ вештини се одржуваат во Академијата Александрија и ги реализираат предавачи експерти во својата област.
Методологијата на учење која е прилагодена на таргетната група, иновативните практични вежби и експертизата кои ги користат искусните обучувачи во голема мерка ќе придонесат за развој на компетенциите на нашите учеснички и ќе им користат за успешен почеток или развој на кариера како претприемачи, вработени или менаџери во секој сектор.
Добивките за учесничките се:

- ќе можат да ги увидат и да ги истражат можностите на пазарот,
- ќе бидат поконкурентни на пазарот на трудот,
- ќе се совпаѓаат со сите апликации за работа,
- ќе бидат поконкурентни во започнувањето и воодењето на својот бизнис,

По успешното завршување на обуките, учесничките ќе се стекнат со сертификат за препознавање на компетенциите.
Потсетуваме дека сеуште можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани од Општина Кисела Вода, што сакаат да стекнат знаења и вештини за започнување, водење, одржување и развој на бизниси и вработување со пополнување на електронската пријава или директен контакт на info@cwem.org и 078 437 267.
Носител на проектот е Општина Кисела Вода со 200.000 денари, а реализатор е Фондацијата „Центар за жени-претприемачи“ од Скопје
Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved