Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


9/20/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
,,Дуња“ ја одбрани шампионската титула во одбојка
13.05.2013

 Годинешнава сезона,  одбојкарската училишна лига донесе многу возбудувања.  Финалната средба во плеј-офот е потврда дека  се играше квалитетна одбојка и учениците перманентно напредуваат во овој спорт.  Одбојкарките на ОУ “Невена Георгиева – Дуња” се старо-нови шампиони.  Тие во во финалето со 2:1, по сетови 25:13, 19:25 и 15.13 славеа над нивните врснички од ОУ “Кирил Пејчиновиќ”.  Во првиот сет, избраничките на тренерите Ристо Дарлев и Вангел Сувариев беа доминатни во играта на мрежа, што придонесе да слават со 25:13.  Вториот  сет заврши со триумф на  ,,Кирил “ со 25:19. Овде,  ,,Кирил“ наметна своја игра преку неуморните  Гоља и Алексова кои беа  надмоќни во смечот и сервисот. Во одлучувачкиот трет сет, гледачите во полната спортска сала,, Независна македонија“ уживаа во одбојкарската ,,драма“. На почетокот поведе ,,Дуња“ со неколку поени разлика, за веднаш потоа, на средината од третиот сет ,, Кирил“ со неколку едноподруго поени се обиде да направи пресврт.  Тогаш на сцена стапи, најдобрата одбојкарка на сезоната Христина Петковска, која успеа со неколку велемајсторски потези да го обезбеди трофејот за својата екипа,  триумфирајќи двапати едноподруго во одбојкарската училишна лига.  Во борбата за ,,бронзениот“ медал, одбојкарките на ОУ ,,Круме Кепески“ со 2:0, 25:20 и 25:20, славеа над ОУ “Партенија Зографски”.  На крајот од финалната средба, на свечен начин  се доделија пехарите, медалите и дипломита на најуспешните.  Наградите ги доделија спонзорите на годинешните натпревари Миле Тодоровски од ,,Телефонмонтажа“ АД Скопје, Бојан Јовановски од ,,Телеком“, нашиот прославен одбојкарски репрезентативец Горан Јањевиќ, во моментов тренер на ОК “Јанта Волеј” и актуелниот македонски одбојкарски интернационалец Владимир Трајчевски.  Инаку, училишниот спорт за сезоната 2012/2013, чиј покровител е градоначалникот Билјана Беличанец –Алексиќ  завршува во текот на оваа недела. Во четврток се средбите од полуфиналето на кошаркарската лига, а ден подоцна во спортската сала ,,Независна Македонија“ со финалните средби од плеј-офот ќе заврши годинешната сезона во училишниот спорт.





Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved