Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/21/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Почна кампањата „Садница плус“ дел од акцијата „Ден на дрвото“
13.05.2013

Учениците од основното училиште „Партение Зографски“ денеска засадија желади во саксии со што почна кампањата „Садница плус“, во рамки на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.
Заедно со дечињата, семки засади и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, со цел, како што рече, само за еден ден да добиеме нови 200.000 садници.
- Покрај тоа што засадивме желад во една саксија, кај младите генерации засадуваме нова култура, традиција, желба и почит кон македонскиот даб и македонската шума. Тоа е нешто непроценливо и Владата ќе продолжи да ги почитува напорите на граѓанската иницијатива „Ден на дрвото“, изјави Коњановски.
Проектот го поздрави и градоначалникот на Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ, посочувајќи дека се опфатени осум училишта и две градинки од општината.
Дабот, според Кристина Николовска од здружението „Ден на дрвото“ е голем симбол на издржливоста и долготрајноста на македонскиот народ и треба да се негува.
Кампањата „Садница плус“, по втор пат се реализира во сите основни училишта и градинки низ државата и е дел од 11 акција за садење дрвца „Ден на дрвото“. Акцијата почна да се реализира од март 2008 година. До сега засадени се над 30.000 садници, а успешноста е повеќе од 60 проценти.


Преземено од: МИА






Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved