Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


7/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
,,Дуња“ нов кошаркарски шампион
21.05.2013

Подобар крај на училишниот спорт во општина Кисела Вода, и не можеше да се случи. Спортската сала ,,Независна Македонија“ по одигрувањето на кошаркарскиот плеј-оф, беше преполна со емоции, навивање, тимски дух, крајно педагошки и стручен надзор на тренерите, потези, скокови и постигнати кошеви кои се далеку надминати од нивото  - училишен спорт.  Во финалето на кошаркарскиот плеј-оф, кошаркарите на ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“  славеа со 75:42 во средбата со своите врсници од ОУ ,,Партение Зографски“. ,,Дуња“ го доби епитетот нов кошаркарски шампион во училишен спорт, сосема заслужено, бидејќи во текот на целата сезона играше најдобра кошарка. Најистакнати во таборот на тренерот Вангел Сувариев и овојпат беа, капитенот Марио Николовски, кој воедно  беше прогласен за  најдобар играч на сезоната, неуморниот Филип Илиев,  борбениот Валентино Каранфиловски, како и највисокиот играч на теренот Бојан Јовановски, кој беше нерешлива енигма за противникот под кошевите.  Во екипата на ,,жолтите“,  пак, стандардно добра игра прикажа  бековскиот тандем  Гиговски-Темелковски. Интересен беше и натпреварот за третото место и бронзениот медал. Имено, крајниот резултат  меѓу  ОУ ,,Круме Кепески“ и ОУ ,,Рајко Жинзифов“ гласеше 66:65. Полното гледалиште имаше прилика да присуствува на најнеизвесниот  натпревар во сезоната. Натпревар преполн со пресврти, добри потези на актерите во теренот, професионално водење на екипите од страна на тренерите, професорите по физичка култура Александар Милојевиќ и Јовица Ефтовски.  Громогласниот аплауз од публиката, веднаш по завршувањето на средбата, среќните  лица на кошаркарите, на тренерите, на родителите, буквално на целото гледалиште,  е вистински доказ, дека,  проектот ,,Училишниот спорт“ успешно се работи веќе седма година во сите осум основни училишта кои гравитираат на територијата на Општината, чиј  покровител на проектот е градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ. На крајот од финалната средба,  пехарите, медалите и дипломите ги доделија претставници на одделението за спорт при Општина Кисела Вода, кординатор на проектот, претставници на професорите по физичка култура како и шампионската кошаркарска општинска репрезентативна генерација од минатата година  предводена од Ѓорѓиев, Милевски, Темелковски и Јаховиќ.









 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved