Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/21/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Се одржа трибина на тема: “Психо-физичката подготовка на децата за премин од предучилишно воспитување во училишно образование”
22.05.2013

Големата сала во Општина Кисела Вода денеска беше средиште на размена на идеи и искуства за процесот на премин на децата од градинките во училиштата. Токму тоа беше темата на денешната трибина, во организација на одделението за предучилишно воспитување во Општина Кисела Вода. Иницијаторот на трибината, раководителот на одделението за предучилишно воспитување, Ирина Момироска ја отвори трибината, ги поздрави присутните и посочи дека ова е прва, но со оглед на интересот, никако нема да биде последна ваква трибина, во чиј фокус се најмладите жители на општината.
Првиот презентер, директорот на ЈДГ “8-ми Март”, Снежана Кливановска укажа на суштинското значење на процесот на подготовка на децата уште во установите за предучилишно воспитување, за преминот во образовниот процес во основното образование. Кливановска ја потенцираше значајната улога на педагошкиот кадар во градинките во насока на осамостојување на децата и градење на позитивен однос кон училиштето. Слични поенти дадоа и останатите презентери, Злата Анчевска – психолог и Викторија Смилевска – дефектолог кои им укажаа на присутните родители и колеги за важноста од социјализацијата на детето, односно од првиот контакт и средбата со стручните служби и педагошкиот тим во училиштето. Дефектологот Смилевска пак, укажа на сложеноста со работата во инклузивните училишта, односно во училиштата во кои учат и деца со посебни образовни потреби.
Свое излагање имаше и Проф. Д-р Чедомир Саздовски, кој се осврна на физичката активност кај децата и потенцираше дека денешните услови во кои живеат нашите деца се карактеризаат со неправилен физички и психосоматски развој, секојдневни стресови и лошо влијание од околината во која живеат, прекумерно гледање ТВ и користење на интернет и видео игри, што претставува основен предуслов за стварање на здрави навики, здрав живот и здраво растење. –“Како последица од ова, детската популација е соочена со неправилен физички и психички развој и многу други пореметувања и заболувања, кои неминовно се јавуваат во подоцнежните животни фази” – информираше Саздовски.
Трибината заврши со општ заклучок дека неопходно е да се даде поголем фокус на психо-физичката подготовка на децата за премин од предучилишно воспитување во училишно образование, а надлежните да иницираат и реализираат повеќе трибини на оваа тема.
-“Успешниот почеток на новата учебна година е успех како на Општина Кисела Вода, така и на Вас почитувани родители, а пред се на Вашите и наши деца” – констатираше раководителот на одделението за предучилишно воспитување, Ирина Момироска и најави дека за краток период ќе следи нова трибина од општ интерес за децата.





Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved