Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


7/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Доделени еднократни парични награди на талентирани и надарени ученици
10.06.2013

Денес, по втор пат, во големата сала во Општина Кисела Вода Градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ, додели еднократна парична награда на талентирани и надарени ученици од областа на спортот, културата, науката и ументоста. Градоначалникот со поздравен говор им се обрати на присутните и меѓу другото истакна:


„Општина Кисела Вода во своето 58 годишно постоење, дала големи имиња на македонската политичка, културна, научна и спортска сцена. Од оваа општина потекнува првиот премиер на Република Македонија, академик Никола Кљусев, но во Кисела Вода живее и сегашниот премиер на Република Македонија, г-нот Никола Груевски, Министерот за култура Г-ѓа Елизабета Канческа-Милеска и други истакнати политички личности.


Општина Кисела Вода се гордее  и со имињата на познати уметници од областа на музиката Кирил Македонски, Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Драган Даутовски, Димитар Масевски, Велко Тодевски, од областа на балетската уметност Тања Вуисиќ Тодоровска, од областа на ликовната уметност Стефан Хаџиниколов, Јован петров, мирко Вуисиќ, ристо Калчевски, Душан Перчинков, Симон Шемов, од областа на литературата Ташко Георгиевски, Петре М.Андреевски, Миле Неделковски, Томе Арсовски, од областа на театарската уметност Снежана Стамеска, Рубенс Муратовски, Лазар Манасков, Оливер Митковски и други истакнати личности.
Од Општина Кисела Вода се големите спортски имиња, во фудбалот Дарко Панчев, во кошарката Петар Наумовски, во ракометот Аце Станковски, во шахот Роландо Кутиров и многу други кои го носеле знамето на Македонија и го промовирале македонското име ширум светот.“


Беа доделени парични награди за 168 ученици, од кои 77 за спорт и 91 за образование.
Општината Кисела Вода во изминатиов период беше високо оценета  од реномирани, релевантни институции, како општина која најмасовно се залага за потикнување и организирање на училишниот спорт. Со исто внимание општината е посветена и на образованието, културата и уметноста, преку низа активности во текот на годината.
Целта на овој проектот е, Општината да ги стимулира наштите надежи и преспективи да продолжат да постигнуваат резултата во сите општествени области,  да бидат достојни граѓани на нашата држава и да ја претставуваат  нашата Општина, градот Скопје и пред се Република Македонија, со своите резултати насекаде низ светот.
Општина Кисела Вода сака јавно да искаже благодарност до директорот на Градска Библиотека „Брака Миладиновци“ Г-дин Бранко Цветковски. Градската Библиотека „Браќа Миладиновци“, за оваа пригода  донираше книги, лектири и раскази, кои им беа подарени на наградените талентирани и надарени ученици.


 







 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved