Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


7/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Се промовираше апликацијата “Види, пријави, поправи”
18.06.2013

Денес во општина Аеродром беше промовирана андроид апликацијата “ Види, Пријави, Поправи”, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ. Станува збор за андроид апликација, преку која секој граѓанин или учесник во сообраќајот може да пријави одреден проблем, на пример, кога ќе забележи дупка на одредена улица веднаш ќе може да ја пријави кај надлежните, преку фотографирање и сателитско лоцирање на точната позиција на ударната дупка. На тој начин граѓаните ќе можат директно да учествуваат во работата на општинските служби и навремено да ги информираат властите за подобрување на комуналната инфраструктура. Сите вакви пријави ќе се поставуваат на општинската веб-страница, а секој граѓанин ќе има можност да види до каде е постапката за решавање на комуналниот проблем. На прес-конференцијата присуствуваа и градоначалниците на општините Аеродорм и Гази Баба, Ивица Коневски и Тони Трајковски, претставникот на УНДП во Македонија, Алесандро Фракасети, како и заменик - министерката за информатичко општество и администрација, Марта Томевска и директорот на ЅЕС - бизнис инкубаторот, Љупчо Деспотовски. “-Проектот “Види, пријави, поправи” е пионерски потфат, кој за првпат се применува во Република Македонија, а Општина Кисела Вода е почестена што има можност да биде една од првите општини во Република Македонија, која го имплементира овој проект” – изјави градоначалникот Беличанец - Алексиќ. Беличанец – Алексиќ информираше дека граѓаните кои ја користат ИКТ-технологијата, односно поседуваат паметни телефони, на едноставен начин ќе можат да ја симнат и користат оваа апликација и со тоа директно да учествуваат во работата на општинските служби, во насока на подобрување на општинските комунални услуги. -“На ваков начин, граѓаните ќе станат нашите “очи” во месните и урбани заедници и директна помош на нашите комунални служби во регистрацијата и детектирањето на комуналните проблеми” – заврши Белиачнец - Алексиќ. Проектот е финансиран од УНДП, а реализатори се ЅЕС - бизнис инкубаторот и Економскиот институт во Скопје.



Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved