Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


9/20/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Општина Кисела Вода ќе го прослави 58-от роденден
27.06.2013

Со свечена седница и неколку културно-забавни настани, најстарата скопска општина – Кисела Вода, во сабота (29.06.2013) ќе го прослави 58-от роденден. Со почеток во 10:00 часот, во големата сала на општината ќе се одржи свечена седница на Советот на општината, на која градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели благодарници на личности кои оставиле печат во работата и развојот на општината.
Роденденот, општината Кисела Вода ќе го прослави и со голема забава, но и со организација на културно - хуманитарен настан. Имено, годинава на големо задоволство на жителите на општината, Буба – клубот и мото клубот “Ноќни волци” ќе направат роденденско дефиле низ општината. Поворката од преку 50 учесници ќе тргне во 10:00 часот од нас. Пржино на последната автобуска постојка бр. 16, продолжува кон нас. Црниче, преку улиците “Востаничка”, “Павел Шатев” и “Огњан Прица” продолжува кон Теферич, се спушта по улицата “Христо Татарчев” (поранешна “Сава Ковачевиќ”), се вклучува на бул. “Борис Трајковски” и продолжува кон Драчево. Следната станица е мини-плоштадот во селото Драчево, од каде се спушта по улицата “Китка” и застанува во големиот парк во нас. Драчево. Таму, групата останува 15 минути и повторно преку бул. “Борис Трајковски” продолжува кон урбаната заедница “Расадник”, каде пред кафулињата “Кватро” и “Гет” ќе се одржи голема забава, со перформанс на еден од најдобрите македонски диџеји – Ицко, а на забавата ќе има и хаппѕ хоур, односно за сите граѓани ќе има обезбедено пијалоци по дампинг цени. На забавата ќе се прогласат и победниците на изборот за најубаво уреден двор и тераса во општината Кисела Вода, за кои општината обезбеди пригодна награда – бесплатно летање со балон.
Забавата ќе продолжи во попладневните часови со хуманитарна акција во паркот “Шопен”. Имено, во периодот од 17:30-19:00 часот, Активот на жени – пензионери од Кисела Вода во соработка со општината Кисела Вода и волонтерите од Дневниот центар на Црвениот Крст ќе организираат Хуманитарна Коријада, на која присутните граѓани по симболични цени ќе можат да дегустираат дел од вкусните пити, подготвени од вештите раце на жените пензионери од Кисела Вода. Собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани на општината да присуствуваат на големата забава и заедно со општинската администрација да го прослават 58-от роденден на општината.
Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved