03.07.2013
Почнувајќи од денеска, во следните три дена ќе се чисти територијата на Општина Кисела Вода со помош на механизација на јавните претпријатија на Град Скопје. Според планот, јавните комунални претпријатија ќе интервенираат во области кои што се во нивна надлежност, како кастрење на гранките на дрвјата, санирање на ударните дупки на улиците, акции за чистење на зелените површини и улиците, интервенции за подобрување на водоснабдувањето. Истовремено во општината на повеќе локации ќе бидат поставени специјалните контејнери за кабаст отпад. Во среда (03.07.2013), контејнерите за кабаст отпад ќе бидат поставени на ул. “Пушкинова” во нас. 11-ти Октомври – згради, на ул. “Востаничка” во Црниче (во близина на маркетот Рептил), на последната автобуска станица со бр. 24 во нас. Кисела Вода, на последната автобуска станица бр. 4 во нас. 11-ти Октомври – бараки и на ул. “Жил Верн” во нас. Цветан Димов. Во четврток (04.07.2013), контејнери ќе се постават на следните локации: пред месната заедница Припор, кај Шампионче, пред месната заедница Бирарија, во близина на КАМ-маркетот во нас. Драчево, на мини-плоштадот во с. Драчево и на ул. “Малешевска” во нас. Драчево. Во петок (05.07.2013) вакви контејенри ќе бидат поставени на ул. “Кавалска” (во близина на градинката во Пржино), на ул. “Боте Ботевски” (во близина на студентскиот дом Пелагонија), во нас. Драчево (во близина на маркетот ТЕДИКО), на ул. “Мариовска” и ул. “Фредерик Шопен”. Паралелно со овие активности ќе се одвиваат и средби на Градоначалникот на Град Скопје и директорите на градските јавни претпријатија со претставниците на месните и урбани заедници во општината.

|