Во согласност со Законот за Еднакви можности на жените и мажите ( Службен весник на РМ, бр.6/2012 година од 13.01. 2012 година, во член 14 кој се однесува на Единиците на локална самоуправа за своите надлежности за почитување на принципот на еднакви можности и промовирање и унапредување на еднаквите можности на жените и мажите и став (7) од член 14 на овој закон, Ви го презентираме годишниот извештај со активностите што се реализирале во 2012 година од страна на организациските единици на општина Кисела Вода: 1. Учество на расправа на тема ,, Превенција од рак на грлото на матката- македонско и европско искуство"- организација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собрание на РМво соработка со Здружението за борба против рак ,, Борка" и Европската асоцијација за борба против рак на грло на матката. (25 јануари 2012) 2. Одржано едукативно – информативно предавање за штетноста од отпадните батерии, подигнување на свеста кај населението за зачувување на здравјето и животната средина 3. Одржување на панел дискусија на тема : ,,Зашто жените се борат за своите права ?"- во организација на ,,Македонско женско лоби ", невладината организација ,,Отворена Порта – Ла Страда " и општина Кисела Вода-09.03.2012год 4. Одржување на 4 едукативни - превентивни работилници во организација на ,,Отворена Порта – Ла Страда за акција против насилството и трговијата со луѓе и превенција, во основните училишта во општина 5. Кисела Вода О.У.,,Партение Зоографски", О.У. ,, Невена Ѓеоргиева -Дуња", О.У.,, Круме Кепески" 6. Поставување на СОС банер на веб страната на Општина Кисела Вода, од страна на невл. орг. Отворена Порта – Ла страда- активност како дел од проектот,, Зајакнување на СОС линијата како механизам за идентификација на тргуваните лица", финансиски подржан од страна на Американската Амбасада. 7. Учество на предметни наставници/ки од основните училишта во О.Кисела Вода вообуката насловена ,, Вклучување на наставниот кадар од основните училишта во идентификација , упатување и превенирање на случаи со трговија со луѓе", во организација со Отворена порта –Ла Страда 8. Изработена Стратегија на Општина Кисела Вода за соработка со граѓанските здруженија во која еден од приоритетите е ,, Афирмација и имплементирање на родова рамноправност на локално ниво" 9. Презентација на проектот ,, Креирање на локална младинска стратегија" пред претставници од локалната самоуправа во Регионот Долна Нормандија, за унапредување на положбата на младите (мажи и жени) на локално ниво 10. Учество на тркалезна маса на тема: ,,Остварувањето на правото на еднаквост и заштита од дискриминација" во организација на Народниот правобранител со подршка на Амбасадата на Кралството на Холандија и МТСП на Владата на Р.Македонија 11. По повод Светската кампања ,, 16 дена активизам против насилството" Организацијата на жените на град Скопје во соработка со Општина Кисела Вода организираа трибина за семејното насилствот, на тема ,,Да го направиме насилството видливо". 12. Организирање на трибина на тема,, Волонтерството како алатка за активирање на младата популација" 13. Имплементација на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2012-2015 год. во Организација на Агенцијата за вработување на Р.М.и МТСП на Р.М., односно информирање на граѓаните во месните и урбаните заедници и објава на веб страната на Општина Кисела Вода 14. Курс за обука за противпожарна заштита( учество на општинската администрација и граѓани (54 часа) во која учествуваа мажи и жени 15. Обука на универзалната единица за заштита и спасување 16. Учество на Работен состанок за Кординаторите и членовите на КЕМ на ниво на општини на град Скопје, во организација на МТСП и општина Ѓорче Петров 17. Учество на Јавна дебата за предлог ,,Стратегија за родово одговорно буџетирање" во организација на МТСП 18. Учество во специјализирани обуки за стручно усовршување на вработени од општинската администрација (17 жени и15 мажи)
Забелешка: Во иднина е потребно поголема соработка на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените на Општина Кисела Вода, и нејзино учество во имплементирањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите во програмите на Секторите на Општина Кисела Вода .
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Кисела Вода Марјан Ѓорчев
|