Search
Close this search box.

Мини плоштад со игралиште во населба Кисела Вода

Нов простор за игра за дечињата и мирно катче за одморање, добија жителите на населба Кисела Вода.

Комплетно се завршени градежните активности околу изградбата на мини плоштад со детско игралиште во близина на економското училиште “Васил Антевски Дрен” кои течеа во изминатиов период. 

Просторот од околу 400 квадратни метри е целосно хортикултурно и партерно уреден, со клупи, канделабри и парковско зеленило, а  во  паркот има фонтана – чешма . Детското  игралиште, пак, е снабдено со сите реквизити кои им се потребни на најмладите жители на општината, со кои, во безбедно опкружување, ќе можат да го поминуваат своето слободно време , дружејќи се со врсниците.

Проектот го изработи проектантската куќа “Инпума“.  Се работи за комплетна инвестиција на општина Кисела Вода во износ од околу 3 милиони денари, која произлезе од барањата на жителите на овој дел од градот.

Споделете:

Scroll to Top