Search
Close this search box.

Увид во Кембриџ програмата во ОУ “Круме Кепески” во општина Кисела Вода

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, главниот извршен директор на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ Мајкл О’Саливан и директорот за развој во истата организација, Хелен Еклс, денеска ги посетија учениците од ОУ “Круме Кепески” и извршија увид во наставниот процес каде се спроведуваат новите наставни програми по математика и природни науки, по терк на Меѓународниот центар за наставни програми Кембриџ.

 Ова е прва училишна година во која новата наставна програма за математика и природни науки, развиена од Кембриџ, во соработка со Бирото за развој на образованието се спроведува низ училиштата во Македонија. Тоа за нас, во Кембриџ, значи голема радост, но и голема одговорност-истакна главниот извршен директор на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ.

-Утрово имавме можност да присуствуваме и да бидеме дел од часот по природни науки во прво одделение и часот по математика во трето одделение и сега се чувствувам навистина среќен. Она што го видов беа трите најважни работи. Прво децата навистина учеа нови работи, второ децата учеа како да учат, и трето наставниците, навистина го разбрале концептот и методот кои треба да се користат со новата наставна програма. Сега со голема доверба ја продолжуваме нашата соработка со Министерството за образование, Бирото за развој и училиштата ширум Република Македонија -изјави главниот  извршен директор директор на Меѓународниот центар за наставни програми  – Кембриџ, Мајкл О’Саливан.

Денеска е исклучителен ден за нас како Министерство за образование и за  Бирото за развој на образованието, затоа што на во формален увид ни се луѓето со кои ние ги започнавме првите разговори-потенцираше заменик министерот Ристовски.

-Година и половина подоцна имаме реалност во која учениците од прво до трето одделение изучуваат математика и природни науки по комплетно нови и реформирани наставни програми со поддршка од Кембриџ,за што сме исклучително благодарни. Во текот на овие денови ќе се потпишат договорите за реализација на продолжување на оваа реформа, водејќи се по истиот принцип ќе продолжиме со реформирање на наставните програми за математика и природни науки од четврто до шесто одделение, со што очекувам во текот на наредната година успешно завршување и на овој втор дел од реформата, со што ќе се заврши реформирањето на делот на основно образование, односно комплетното реформирање на образованието од седмо до девето одделение, истакна Ристовски.

Градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ му се заблагодари на главниот извршен директор на Кембриџ, што токму од општина Кисела Вода го започна овој процес на увид во текот на новите наставни програми.

-Овие нови наставни програми ја прават наставата покреативна, па со самото тоа и поинтересна за учениците. Особено што поттикнувањето на креативноста и самата интерактивност, учењето низ игра е посебно значајно во таа возраст. Би била пресреќна кога во наставата, освен досегашната методологија , би се усвоиле и другите принципи и концепти за развој на интелигенцијата-истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ.

Споделете:

Scroll to Top