Search
Close this search box.

Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 29-та пленарна седница

Ве известуваме дека Дваесет  и деветтата  пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 10.06.2015 година (среда) со почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:

 

 

 1.Предлог-Одлука за ослободување на инвеститор од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за реконструкција и адаптација со доградба и надградба на Дом на култура на ул. „Христо Татарчев“ бр. ББ во Општина Кисела Вода;

2.Предлог-Одлука за ослободување на инвеститор од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на дел од детска градинка во населба Пинтија, прва фаза во Општина Кисела Вода;

3.Предлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправни објекти за кој можедасеизвршивклопувањево урбанистичко планска документација за КП со број 12612 КО Драчево 2;

4. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за именување на претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода;

5.Давање согласност на Статутот за измена и дополна на Статутот на ОУ,,Кирил Пејчиновиќ,,- Скопје;

6.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош

на Коларовски Ѓорѓија;

7.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош

на Коларовски Дејан;

8.Предлог-Одлука за избор на идејно решение за грб и знаме на Општина Кисела Вода;

9.Советнички прашања.

Седницата ќе се одржи во Големата сала во барака 7. 

Споделете:

Scroll to Top