Во пресрет на одбележувањето на 60 годишното постоење на општина Кисела Вода, денес градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, додели нови 45 решенија за легализација на дивоградби, со што, бројот на решени предмети се искачи на 3868.
– Во минатото Кисела Вода беше општина со најмногу дивоградби, но благодарение на Владата на Република Македонија која го донесе законот легализација, благодарение на општинските служби кои неуморно работат на негова имплементација, како и на низа превземени мерки од страна на општина Кисела Вода за забрзување на динамиката на истиот, денес оваа општина полека, но сигурно почнува да живее со еден нов, поинаков лик-истакна пред присутните градоначалникот Беличанец-Алексиќ.
Истакна дека се уште е голем бројот на барања до општинските служби кои не се комплетирани, т.е. 3253 граѓани се уште немаат доставено геодетски елаборат, што го оневозможува финализирањето на процесот на легализација и ги повика жителите на Кисела Вода, да побрзаат и да не ги чекаат крајните рокови.
– Заокружувањето на процесот на легализација ќе биде заеднички успех. Само на тој начин ќе придонесеме за успешен развој на нашата општина-потенцираше градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, уште еднаш, честитајќи им на присутните.