Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода досега легализираше 3918 дивоградби

Денес, во Големата сала на општина Кисела Вода Претседаелот на Советот Трајче Донев, додели нови 50 решенија за легализација на дивоизградени објекти од овој дел од градот.

 Нагласувајќи ја важноста на самиот процес, кој има за цел на сите жители на Кисела Вода да им обезбеди рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа, тој наведе дека досега, оваа општина легализираше вкупно 3918 дивоградби.

-Би сакал да информирам дека по сите спроведени технички олеснувања на процесот на легализација од страна на општината, од вкупно 11877 поднесни барања, бројот на легализирани објекти на овој простор се  искачи на 3918. Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, пак, во овој момент, изнесува 3223. Се надевам дека овие лица нема да го чекаат крајниот рок, кој согласно последните измени што ги направи Владата со цел да им излезе во пресрет на сите, е продолжен до крајот на 2015-тата. Исто така, изготвени се уште 155 урбанистички согласности, од кои, за 74 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи-нагласи Претседателот на Советот Трајче Донев.

Доделувајќи им ги решенијата на присутните, тој додаде и дека до крајниот рок за поднесување на барања за легализација на дивоизградените тераси, кој истече на 30 јуни, до општина Кисела Вода пристигнаа вкупно 204 вакви барања.

Споделете:

Scroll to Top