Едукативна работилница во детската градинка „8 Март“, објект „Ѕуница “ во село Драчево, денес одржа Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје.
Проектот “Почитувај ги правилата-почитувај го животот” го спроведува ЈДГ “8 Март”, како дел од кампањата на Влада на Р.Македонија за 2015/2020 год. во соработка со Републичкиот Совет за безбедност на сообраќај и патишта заедно со МВР на Р. Македонија, МОН на Р. Македонија и МТСП на Р. Македонија, но и како дел од стратегијата на општина Кисела Вода за подигнување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а особено на најмладите.
Од мај 2015, во содејство со полицијата низ подготвен едукативен видео материјал во сите објекти на ЈДГ “8 Март“, за дечињата на возраст од 5 до 6 години, се реализираат нагледни и практични активности за нивно безбедно однесување во сообраќајот. На терен, заедно со полицијата и со своите воспитувачки, тие учат за безбедно поминување на улицата, за сообраќајните знаци и правила, за улогата на сообраќајниот полицаец и семафорот во контролирањето на сообраќајот, а добиваат одговор и за сите дополнителни прашања што ги имаат во врска со оваа тема.
Континуитетот на реализацијата на ваквите и слични проекти што се во интерес на безбедноста на сите учесници во сообраќајот продолжува и останува да биде еден од врвните приоритети на општина Кисела Вода.