Се уредуваат тревните површини во општина Кисела Вода. Преку Секторот за Месна самоуправа и соработка со невладин сектор при општина Кисела Вода, во изминативе две седмици се превземени активности за косење на нараснатата трева на целата територија на општината.
Во текот на вчерашниот ден се работеше на косење на трим патеката која опфаќа две урбани заедници-11 Октомври Згради и 11 Октомври Бараки, а во претходните денови се работеше во урбаните заедници Цветан Димов, Кисела Вода, Расадник и Припор.
Во текот на утрешниот ден пет тимови на сезонски работници ангажирани од општина Кисела Вода ќе ја косат нараснатата тревна вегетација од левата и десната страна на булеварот “Борис Трајковски”, почнувајќи од семафорите кај “Цементарница Усје”, па се до селото Драчево. Акцијата продолжува и од понеделник, кога ќе се уредуваат урбаните заедници Црниче, Пржино и Бирарија.