Search
Close this search box.

Економија и бизнис

Општина Кисела Вода е една од најголемите индустриски зони во градот Скопје со значителен континуиран подем во последните 5 години. Бруто домашниот производ по жител изнесува 11.964 (според попис од 2002г.). Примарната економија која генерално е составена од земјоделие зафаќа површина од 27,34 км² и неметали со површина од 6,73 км. Секундарната и терцијалната економија на територијата на општина Кисела Вода претставуваат потенцијал за одржлив економски развој на општината. Бројот на економски субјекти според стопанските гранки кои делуваат на територија на општина Кисела Вода се: 1.910 вклучени во производство; 908 во градежништво; 490 во хотели и ресторани; 1.492 економски субјекти вклучени во транспорт; 24 во финансии; 1.092 во недвижности; 26 вклучени во јавната администрација и 868 во комуникации. Најважни стопански гранки во општината се хемиската индустрија, транспортот и шпедицијата, градежништвото, прехрамбената индустрија и производството на безалкохолни пијалоци, трговската и услужната дејност.

Споделете:

Scroll to Top