Search
Close this search box.

Акција за чистење на одводните канали во општина Кисела Вода

Организирана акција за чистење на одводните канали се одвиваше денес во општина Кисела Вода. Активностите се одвиваа на територија на целата општина преку истурените канцеларии на Секторот за месни заедници и социјална заштита на Општина Кисела Вода.

 

На чистење на каналите, како превентивна заштита пред новонајвените обилни врнежи, работеа 50тина сезонски работници распоредени по урбани и месни заедници, координирани од раководителот на Секторот за месни заедници и социјална заштита.

Расчистување на  згуснатата вегетацијата, наталожената тиња, како и на целиот отпад фрлен од несовесните граѓани во летниот и почетокот на есенскиот период е редовна активност на општина Кисела Вода. По потреба се чисти и почесто.Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина, во која и самите живеат.

Споделете:

Scroll to Top