Search
Close this search box.

Акција за чистење јавни површини и диви депонии утре во Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода информира дека утре, сабота, на 05. 04. 2018 година од 08:00 часот ќе се спроведе акција за чистење на јавни површини и диви депонии на територија на Општина Кисела Вода по месни и урбани заедници во која ке земат учество сите вработени од Општина Кисела Вода.

Заради поефикасно спроведување на предвидената акција, секој вработен од Општина Кисела Вода ќе земе свое учество во месната или урбана заедница каде што живее.

Сите граѓани кои се заинтересирани да бидат дел од оваа акција истото можат да го направат во  својата месна или урбана заедница.

 

Споделете:

Scroll to Top