Search
Close this search box.

„Баделки“ без пораз во лигата, вчера со голема разлика ја победија екипата на ЖКК „Крива Паланка“

Вчера во спортската сала „Независна Македонија“ во рамки на деветото коло од првата кошаркарска лига девојките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода без напор ја надиграа дебитантската екипа на ЖКК „Крива Паланка“, со резултат 86:33 (31:9, 18:10, 20:07 и 16:07).

Најефикасна на натпреварот беше Наталија Секуловска со постигнати 19 поени. Додека за големата победа заслужни се и Сара Петровска 17 поени, Сандра Лазареска 12, Сара Максимовска 10, Катерина Поп Димитровска 9, Наталија Гаревска 9, Сања Адамовска 6, Ева Анастасова 2 и Катерина Скендерска 2.

Кошаркарките на „Бадел“ со оваа победа остануваат непоразени во лигата.

 

Споделете:

Scroll to Top