Search
Close this search box.

Баделки убедливо го победија Нирнберг

ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода, минатата седмица беше домаќин на женскиот кошаркарски клуб „POST SV Nürnberg “, од Германија.

Во реновираната спортска сала „Независна Македонија“, во Кисела Вода девојките на „Бадел“ заедно со нивните врснички од Нирнберг тренираа и разменуваа искуства од спортските терени. 

Дружењето на кошаркарките продолжи со запознавање на македонската традиција, прошетки и разгледување на убавините на Скопје.

На тренингот на врвот на планината Водно германките заиграа македонско оро.

Посетата на екипата од Нирнберг заврши со одигрување на пријателски натпревар, на кој баделки убедливо победија, со резултат 76-34.

Во рамки на долгогодишната соработка на збратимените градови, Нирнберг и Скопје, кошаркарките на двата клуба се сретнаа со градоначлникот на Скопје, Петре Шилегов.

 

Споделете:

Scroll to Top