Search
Close this search box.

Бени и Нон Стоп, групата Биоритам и Анастасија Петреска синоќа одржаа феноменални концерти во Кисела Вода

Бени и Нон Стоп, групата Биоритам и Анастасија Петреска синоќа направија одлична забава во паркот „Шопен“, во Кисела Вода.

Публиката видно расположена едногласно заедно со нив ги пееше нивните најпопуларни хитови. Од сцената се слушнаа и повеќе убави стари македонски народни песни.

Во феноменалните концерти со посетителите уживаа и Дарио Шимиќ, претседател на Советот на Општина Кисела Вода, Бојана Ацева и Тодор Костадиновски, членови на Советот на Општината.

„Културното лето Општина Кисела Вода 2019“ вечерва ќе продолжи да се одвива во месноста „Три круши“. Таму, посетителите од 20 часот ќе имаат можност да ги слушнат и видат познатите пејачки имиња Миле Кузмановски, Сузана Спасовска и Силви Бенд.

Споделете:

Scroll to Top