Search
Close this search box.

Бидете дел од утрешниот патронат на Општина Кисела Вода“Св. Ѓорѓија – Низ приказната за Кисела Вода”

Утре, на 06.05.2022, Општина Кисела Вода го прославува својот патронат. Годинешното празнување, под ќе се одвива пред Домот на култура “Билјана Беличанец”- Кисела Вода со почеток во 18:00 часот. Програмата содржи низа  културно-забавни случувања кои ги допираат сите генерации.

 

Во Домот на културата ќе биде отворена изложба на плакати и фонтови од Лазе Трипков и Ласко Џуровски, детската актерска екипа од “Дајте музика”, од училиштето за деца актери на Весна Бејби Петрушевска, ќе изведе театарска претстава во чест на Горан Стефановски, музичко-сценски настап ќе има Виктор Апостоловски – “Супермен”, а за крај е предвиден музички сет на Ди Џеј Манов. Во склоп на настанот, здружението “Гоу Грин” ќе има еко перформанс. Имено активистите од оваа организација ќе возат велосипеди, а струјата што на тој начин ќе ја произведат ќе се искористи за озвучување на настанот.

Ги покануваме сите наши жители, но и сите останати кои сакаат да поминат една убава вечер, да бидат дел од празнувањето на патрониот празник на Општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top