Search
Close this search box.

Вечерва градоначалникот Филип Темелковски ќе се сретне со граѓаните од УЗ Пржино

Вечерва градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски ќе одржи работен состанок со граѓаните од урбаната заедница Пржино.  

На оваа средба исто како и на досега одржаните граѓаните пред градоначалникот Темелковски ќе имаат можност да ги претстават своите проблеми и барања, како и да дадат предлози и идеи за подобрување на животот во нивната урбана заедница.

Имено, градоначалникот ќе ги информира граѓаните и за активностите кои општина Кисела Вода ќе ги преземе за подобрување на квалитетот на животот во урбаната заедница. Покрај ова, граѓаните ќе имаат и можност да изберат и свои претставници во советот на УЗ Пржино.

Средбата ќе се одржи во просториите на УЗ Пржино, со почеток во 19:00 часот.

 

 

Споделете:

Scroll to Top