Search
Close this search box.

Во Кисела Вода старите оштетени контејнери заменети се со нови

По барање на Општина Кисела Вода, ЈП „Комунална хигиена“ на улиците: „Антон Попов“, „Народни херои“ и „Димо Хаџи Димов“, на местото на старите оштетени контејнери постави нови.

Покрај ова, работниците на јавното претпријатие извршија целосно расчистување на одложените отпадоци надвор од контејнерите, а го измија и асфалтот/павер елементите под и околу истите.

И по ова, Општината во соработка со Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжи да создава чиста и зелена околина.

Локалната самоуправа апелира до сите граѓани, отпадот да не го одложуваат на јавните површини, туку во поставените контејнери.

 

 

Споделете:

Scroll to Top