Search
Close this search box.

Во тек е голема акција за чистење на сметот во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник

Општина Кисела Вода во рамки на есенската акција за чистење на својата територија започна акција за расчистување на урбаните заедници Кисела Вода и Расадник.

Денес, во овие урбани заедници, сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода излегоа на терен и започнаа работни активности за целосно расчистување на сметот/отпадот на сите јавни површини кои се во надлежност на локалната самоуправа. 

Со овие активности опафатено е кастрење на гранките на дрвајата и грмушките. Во исто време, се собира и кабаст отпад.

Со активностите кои локалната самоуправа ги започна минатиот месец, досега целосно расчситување на сметот/отпадот извршено е во повеќе урбани и месни заедници.

Споделете:

Scroll to Top