Search
Close this search box.

Во урбаните заедници „Цветан Димов“ и „Бирарија“ ќе се собира кабаст отпад

Акцијата за собирање на кабаст отпад и електронска опрема која Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ ја спроведуваат заедно, утре и задутре продолжува во урбаните заедници: „Цветан Димов“ и „Бирарија“.

Во истите урбани заедници локалната самоуправа ќе спроведе активности за расчистување на сметот. Во исто време ќе се средуваат детските игралишта, а ќе се кастрат и сувите гранки на дрвјата и грмушките.

Кабастиот отпад граѓаните треба да го одложуваат до 11:00 часот пред своите домови, на тротоарите, но потребно е да внимаваат истиот да не го попречува движењето на возилата и пешаците. Одлагањето на отпадот забрането е после опредленото време и датум.

Минатата седмица во урбаните заедници 11 Октомври – бараки и згради беа собрани 5 тони кабаст отпад и електронска опрема.

Споделете:

Scroll to Top