Search
Close this search box.

Втора фаза на проектот “Скопје-град без насилство”

Превентивно-едукативниот проект за спречување на насилството кој стартуваше од Општина Кисела Вода кон крајот на ноември, влегува во втората фаза. Во насока на спречување на криминалот, девијантното однесување и насилството помеѓу младите и развивање на толеранцијата и меѓусебното разбирање, започнуваат едукативни предавања и трибини и во општина Кисела Вода и во општина Сопиште.

 

 Во дебатите учествуваат  ученици, родители и наставници,  се детектирааат причините за насилничко однесување, се врши класификација на прекршоците и кривичните дела и санкциите кои произлегуваат од ваквите прекршоци. Претходно, постери со испишани пораки против насилството, беа поставени на автобуски постојки и во автобусите.

 “Скопје-град без насилство “е инициран, изработен и се реализира од страна на ПСОН Кисела Вода на подрачјето на општините Кисела Вода и Сопиште, а е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и ЈСП – Скопје. Тенденцијата е тој да се рашири на целото подрачје на град Скопје и да даде позитивни резултати во правилната едукација на малолетната популација од аспект на нивна правилна едукација за последиците од девијантното однесување.

Локациите и термините за одржување на трибините во општина Кисела Вода се дадени во продолжение:

 

1.            Месна заедница “Подстаница”  26.02.2014, среда, 18:30 часот

тел.071/391-250 Игор Арсовски               настан во месна заедница

2.            Месна заедница “С.Драчево”    26.02.2014, среда, 19:30   часот

тел.071/391-250  Александра Силјановска     настан во ОУ”Св.Климент Охридски”

3.            Урбана заедница “Населба Драчево”   28.02.2014, петок, 18:30  часот

тел.071/391-230 Наташа Анастасовска       настан во урбана заедница

4.            Месна заедница “Пинтија”                   28.02.2014, петок,    19:30 часот

тел.071/391-214  Славица Илиеска                        настан во месна заедница

5.            Месна заедница “Усје и Стаклара-Каменик”   05.03.2014, среда, 19:00 часот

тел.071/391-204 Гоце Димитриевски                   настан во месна заедница

6.            Урбана заедница “11 Октомври-бараки и згради”   07.03.2014, петок,  19:00 часот тел.071/391-176 Елизабета Тасевска                  настан во урбана заедница

7.            Урбана заедница “Расадник”      10.03.2014 ,понеделник,  18:30 часот

тел.070/294-434 Наташа Настеска                настан во урбана заедница

8.            Урбана заедница “Кисела Вода”                 10.03.2014, понеделник, 19:30 часот

             тел. 071/391-177  Захова Марија                                настан во урбана заедница

9.            Урбана заедница “Цветан Димов и Бирарија”      12.03.2014, среда 18:30 часот, 

              тел. 072/314-950 Славица Тодоровска   настан во урбана заедница

10.          Месна заедница  “Припор”                                     12.03.2014 ,среда, 19:30 часот

             тел. 071/262-830  Лила Здравеска                            настан во месна заедница

11.          Урбана заедница “Пржино”                                       14.03.2014, петок,  18:30  часот

                тел. 071/391-164   Сузана Крстевска                      настан во урбана заедница

12.          Урбана заедница “Црниче”                                    14.03.2014,  петок,  19:30 часот

                тел.071/391-167   Стојка Тасевска                           настан во урбана заедница

Споделете:

Scroll to Top