Search
Close this search box.

“Гоу Грин” стартуваше еколошка кампања во ОУ “Кирил Пејчиновиќ”

Со едукативен настан во ОУ “Кирил Пејчиновиќ”, низ училиштата во Кисела Вода стартуваше еколошка кампања која има за цел да ја развие свеста кај учениците од 6-то до 9-то одделение за поврзаноста на потрошувачкото општество и отпадот, можностите и проблемите кои отпадот може да ги создаде, а воедно и да ги мотивира за да направат позитивна промена во секојдневниот живот со правилно селектирање на отпадот.

 Во организација на Гоу Грин, заедно со претставниците на Цементарница ТИТАН, беше одржана работилница на која учениците добија садлива картичка која ќе треба потоа да ја засадат и практично, да бидат сведоци на позитивните последици од селектирање на отпадот.

Вакви работилници, во текот на следната седмица, ќе се одржат и низ сите останати училишта низ општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top