Супермен, спајдермен, невести, доктори, ликови од најпознатите детски приказни, беа само дел од изборот на маски што дечињата од градинката “Синоличка”-ЈДГ “Весели цветови”-општина Кисела Вода ги избраа за себе во знак на Денот на шегата.
Првоаприлскот маскенбал беше одбележан и со приредба во паркот Шопен на која дечињата пееја, играа, се дружеа заедно со нивните учителки, воспитувачки, родители, баби и дедовци.
Денот на смеата кој традиционално се одбележува низ целиот свет, со маски го одбележаа и повозрасните дечиња од општина Кисела Вода. Низ речиси сите основни училишта на оваа територија, првиот час започна под маски кои, како што самите рекоа, ќе ги носат во текот на целиот ден, во знак на денешната „Априлијада 2015“.