Општина Кисела Вода донираше училишни ранчиња и целосен школски прибор за ученици, корисници на лиценцираниот сервис за асистирано живеење на лица со попреченост, кој го раководи Центарот за младински активизам ЦМА „Крик“.
Учениците од 1 септември го продолжија своето образование во Ресурсниот центар ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, каде што следат настава во петто и во деветто одделение.
-Со оваа донација сакаме да дадеме мал, но значаен придонес кон полесен почеток на учебната година и да испратиме порака дека секое дете заслужува поддршка, еднакви можности и услови за квалитетно образование. Општина Кисела Вода и понатаму ќе продолжи да поддржува иницијативи и услуги кои придонесуваат за поголема инклузија и подобар квалитет на живот на лицата со попреченост.-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.


