Општина Кисела Вода продолжува со својата посветеност кон поддршката на најранливите категории граѓани и обезбедувањето соодветна грижа, помош и заштита за сите на кои им е тоа потребно.
Остварена е посета во Дневниот центар за деца на улица кој се наоѓа на територија на општината, заедно со директорот, Хамза Амети, на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, со кого ја продолжуваме соработката во иднина со цел да се даде помош на оние дечиња на кои им е неопходна.
-Наша примарна обврска и должност како локална самоуправа е да бидеме поддршка за оние на кои помошта им е најпотребна. Грижата за најранливите категории граѓани, а особено за децата, останува наш врвен приоритет. Грижата, помошта и заштитата мора да бидат достапни за секого, затоа продолжуваме со зајакнување на соработката со сите релевантни институции и центри.-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.





