Search
Close this search box.

Европскиот ден на јазиците одбележан во ООУ „ Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода

По повод Европскиот ден на јазиците, вчера во Кисела Вода во ООУ „ Невена Георгиева – Дуња“ се одржа манифестација со богата програма.

Учениците од второ до деветто одделение пред големиот број присутни во холот на училиштето се претставија  со лични творби и рецитации на поеми од познати поети.

Децата настанот го збогатија и со изведби на песни на македонски, француски, англиски, руски, украински и српски јазик.  

Програмата на манифестацијата ја подготвија наставниците по македонски, англиски и француски јазик.

Споделете:

Scroll to Top