Search
Close this search box.

Зелено знаме за ОУ „Св.Климент Охридски“ од с.Драчево

ОУ„Св.Климент Охридски“ од с.Драчево го доби највисокото признание-зелено знаме на 5от по ред Еко самит за наградување на училишта и градинки во рамките на програмата „Интеграција на еколошката едукација“. Програмата е поддржана од Швајцарската агенција за развој, Граѓанската асоцијација „ОХО“, БРО и МОН. На Еко самитот учесниците ги поздрави амбасадорот на Швајцарската агенција за развој и  министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

 

Ова високо признание се доделува за особена посветеност во работата со програмата Еко- училиште, за извонредни достигнувања во едукацијата за одржлив развој и еколошки менаџмент и постојано подобрување на активностите од областа на заштитата на животната средина во училиштето и пошироката заедница.

Со тоа училиштето „Св.Климент Охридски“од с.Драчево, општина Кисела Вода, стана дел од светската  мрежа на Еко- училишта.

Споделете:

Scroll to Top