Search
Close this search box.

Известување за проектот „Енергетски ефикасни домови“ во Општина Кисела Вода

Од први септември започнува аплицирањето на жителите на Општина Кисела Вода кои се заинтересирани да бидат дел од проектот на Општината и Здружението за хумано домување Хабитат Македонија за субвенции и поддршка на енергетски ефикасни домови за станбени згради за колективно домување.

 

 

Од денес на веб страницата на Општина Кисела Вода ќе бидат достапни критериумите кои треба да ги исполнат потенцијалните корисници за субвенционирање.

Согласно потпишниот Меморандум, право на учество на јавниот повик ќе имаат сите Заедници на сопственици или Управители на станбени згради за колективно домување во Општина Кисела Вода кои се евидентирани во регистарот на станбени згради во општина Кисела Вода и немаат долгови, како Заедници на сопственици или Управители, како и други долгови и финансиски обврски. Зградата треба да е изградена пред 2010 година и минимум 80 % од сопствениците на станови да ги прифатат условите на субвенционирање, кредитирање и предметот на енергетска обнова.

Инвестициите се однесуваат на замена на фасадата, односно, термоизолација на надворешни ѕидови со термоизолационен материјал, како и замена на надворешни прозори и балконски врати со енергетски ефикасни прозори и врати, што за жителите на Општината ќе значи заштеда на потрошувачката на енергија, а со тоа и зголемување на средствата во домашниот буџет.

 Субвенционирањето ќе биде поддржано со финансиски средства од буџетот на општина Кисела Вода, во висина од 30%, од вкупниот износ на вредноста на инвестицијата за секоја одобрена апликација. Останатиот дел од сумата ќе може да се исплати преку поволен заем чиј услови Хабитат ќе ги дефинира заедно со заедниците на сопственици или индивидуалните сопственици на становите.

 

Аплиирањето започнува на 01.09.2019 година и ќе трае до 30.09.2019 година. За сите дополнителни услови, критериуми можете да се информирате на официјалната веб страница на Општина Кисела Вода: www.kiselavoda.gov.mk. На општинската веб страница е достапна и апликацијата за проектот, но истата може да се подигне и од Архивата на Општина Кисела Вода.

Пријавите треба да се достават до Општина Кисела Вода, преку пошта на адреса: ул. Петар Дељан бр.17, 1000 Скопје, или во Архивата на Општина Кисела Вода најдоцна до 30.09.2019 година до 15:00 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик, со назнака: Јавен повик за субвенционирање и поддршка со проектот „енергетски ефикасни домови“ во Општина Кисела Вода.

Дополнителни информации може да се добијат на телефон: 070487470 и 072276501 одговорните лица за спроведување на јавниот повик, или на следнива е-маил адреса: sasho.merzhanoski@kiselavoda.gov.mk и blagoja.urdin@kiselavoda.gov.mk.

 

Споделете:

Scroll to Top