Search
Close this search box.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЦЕНТАРОТ ЗА ЗАВИСНИЦИ ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

Заложбите на Општината, заедно со централната власт, сите надлежни државни институции, и директно засегнатите граѓани, за решавање на проблемите со Центарот за зависници, резултираат со тоа што е дојдено до конечно решение.

За жал, нетрпението на граѓаните сепак дојде до кулминација преку одржување на протести и блокирање на раскрсницата кај Чешма.

Градоначалникот Филип Темелковски, лично им се обрати на граѓаните на протестот, и оствари директната средба денес со нивни преставници во неговиот кабинет, на која им го презентира решението.

Имено, Министерството за здравство, се обврза дека во рок од шест месеци ќе спроведе дислокација на Центарот за зависници, а веднаш го зголеми бројот на персонал во центарот со цел да се подобрат условите, и ќе продолжи максимално можно да ги подобрува во периодот додека се спроведе дислокацијата. Исто така, Полициската Станица Кисела Вода уште повеќе ги зголеми делувањата на територијата околу Центарот со цел да не се случуваат нарушувања на јавниот ред и мир.

За сите понатамошни случувања, благовремено ќе ве известуваме.  

Споделете:

Scroll to Top