Search
Close this search box.

И општина Кисела Вода се вклучува во „Часот на планетата земја“

На 29 март,  во 20:30 часот општина Кисела Вода ќе го исклучи осветлувањето на неколку спомен одбележја на нејзина територија. Со тоа, ќе даде свој придонес во глобалната волонтерска акција „Часот на планетата земја“ која годинава ќе се спроведува во 154 држави.

 

Македонија петта година по ред  се вклучува во одбележувањето на оваа најголема светска еколошка акција, но прв пат со своја медиумска кампања со поддршка од многу познати личности од земјава, кои ја даваат својата порака за вклучување во акцијата.

-Нашата кампања стартуваше на 3 март и секој ден ќе објавуваме по една видео порака од нашите медиумски амбасадори кои ја поддржуваат акцијата. Мотото на акцијата вели: Нашата моќ е зголемена, засилена и глобализирана кога сите заедно ќе се обединиме во една иницијатива, посебно кога станува збор за најголемата светска волонтерска акција – вели Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата Часот на планетата Земја во Македонија.

 Со симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час, општина Кисела Вода испраќа порака до своите жители, но и пошироко, дека сите имаме моќ да направиме нешто за планетава, а преку тоа и за себе. Ова ќе се слчува едновремено во  8.000 градови во светот.

 Видеата од македонската медиумска кампања, која го носи името „Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“, се промовирани на официјалната фејсбук-страница на Часот на планетата Земја (https://www.facebook.com/earthhourmk), а исто така сеобјавуваат и на официјалната веб страница на акцијата – www.earthhourmk.org. 

 

Споделете:

Scroll to Top