Кабаст отпад и денес се подига од повеќе месни и урбани заедници во Општина Кисела Вода. Од 7 утринава па се до 11 часот, жителите на месните заедници Усје, Пинтија и Стаклара- Каменик, го изложуваат габаритниот отпад во близина на своите домови, од каде сезонски работници ангажирани од Општина Кисела Вода преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита го подигнуваат.
Во текот на вчерашниот ден беа опфатени урбаните заедници 11 Октомври – згради 11 Октомври – бараки, додека утре кабаст отпад ќе се собира од урбаната заедница ,,Бобан Трпков”, населба Драчево, месната заедница село Драчево и месната заедница Подстаница.
Уште еднаш потсетуваме граѓаните кабастиот отпад да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, на начин што истиот нема да го попречува движењето на пешаците и возилата. Воедно, информираме дека вон определениот датум и времене е дозволено одлагање на кабастиот отпад. Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен отпад (мебел, бела техника, електронски отпад).