Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со своето семејство денес се дружеше со многу дечиња и родители на Бадниковата работилница која Општина Кисела Вода ја организира денес во пресрет на манифестацијата „Бадникови поворки 2025“. Дечињата изработуваа Божикни ѕвезди и ја учеа песничката „Вечниот Бог“, како вовед во Божикните празнувања кои се пред нас. -Драги деца, почитувани родители, од срце ви благодарам за овој ден!
Бадниковата работилница која ја организиравме во пресрет на манифестацијата „Бадникови поворки 2025“, помина во прекрасна атмосфера. Оваа година се одвива под слоганот „Пренеси ја Божикната радост до секое срце!“, а изработувајќи ѕвезди и учејќи ја песничката „Вечниот Бог“, ние не само што се подготвуваме за овој голем христијански празник, туку ги негуваме нашите традиции и вредности кои се темел на нашето општество.Бадник и Божиќ се време за семејство, љубов, заедништво и радост. Време кога сите заедно потсетуваме на важноста на верата, надежта и љубовта. Тоа се вредности кои сакаме да им ги пренесеме на нашите најмлади, бидејќи тие се нашата иднина и носители на светлината на оваа голема традиција. Искрено се радувам што денес, заедно со вас, сме дел од создавањето на овие мали, но многу значајни ремек-дела – ѕвездите кои ќе ја симболизираат светлината што ја носи Божик во секој дом и срце.Ви благодарам на вашата посветеност, на вашата енергија и на тоа што заедно градиме една заедница која ги чува и почитува нашите традиции. Нека оваа работилница биде вовед во една празнична, среќна и благословена година. Нека Божиќната радост навистина стигне до секое срце, -изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.