Search
Close this search box.

КК „Академија ФМП“ ја продолжи доминацијата над своите ривали

КК „Академија ФМП“ и по 16 одиграно коло во Втората кошаркарска лига ја продолжи доминацијата над своите ривали.

На домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“ кошаркарите на клубот од Кисела Вода убедливо со 57 поени разлика, со резултат 110-53 го победија тимот на „Дино Баскет“ од Кочани. За „Академија ФМП“ ова беше 12 победа по ред без пораз во лигата.

Најефикасен на натпреварот беше Дамјан Ѓорѓиевски со 16 постигнати коша, а двоцифрени беа уште и Кристијан Саздановски со 14, Константин Мартиноски со 13 и Дарко Најдовски со 10 поени од кои три тројки. 

Споделете:

Scroll to Top