Search
Close this search box.

На „Институтот за белодробни заболувања кај децата“ градинката „Пржино“ подели новогодишни подароци

Децата од градинката „Пржино“ од Кисела Вода, за најмладите пациенти, кои се лекуваат на „Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле“, изработија повеќе подароци, прекрасни новогодишни фигури.

Новогодишните подароци на медицинскиот директор на ЈЗУ „Институт за белодробни заболувања кај децата“, на м-р. д-р. спец. Ангелчо Андоновски и на главната сестра,  Суза Кочовска, која во болничките соби на дечињата им ги подели подароците, им ги врачи директорката на ЈДГ „8 Март“, Павлинка Топузоска.

За иницијативата за подготовка и дарување подароци, Општина Кисела Вода упатува голема благодарност до директорката, негувателките и воспитувачките. Градинката „Пржино“ е во надлежност на ЈДГ,,8 Март”.

 

 

Споделете:

Scroll to Top