Search
Close this search box.

ООУ “Кирил Пејчиновиќ” трето најбезбедно и најчисто училиште во Македонија

ООУ„Кирил Пејчиновиќ“- Кисела Вода, Скопје го доби третото место на конкурсот распишан од Министерство за образование и наука за избор на најбезбедно и најчисто училиште во Македонија.

 

На повикот, согласно пропишаните критериуми, можеа да аплицираат сите основни и средни училишта на територијата на Република Македонија. Изборот го изврши стручна комисија, формирана од министерот за  образование и науки врз основа на пристигнатите апликации и извршениот увид во училиштата.

Истите беше потребно да бидат дел од „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (ЕКО училиште) како и да имаат учествувано на најмалку три проекти или работилници кои опфаќаат некоја од следниве области: здрава и еколошка средина, безбедост, ненасилство, разрешување на конфликти и слични содржини. 

Споделете:

Scroll to Top