Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода жали за загинатите во вчерашната сообраќајна несреќа. Овие тешки денови никогаш да не се повторат

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски изразува жалење и сочуство до семејствата и блиските на загинатите во тешката автобуска сообраќајна несреќа која се случи вчера на автопатот Скопје – Тетово, кај Карпалак.

Градоначалникот Темелковски во овие тешки денови за нашата земја повикува на сплотеност и на сите повредени им посакува брзо и успешно закрепнување.  

Воедно по известувањето на Градската општа болница „8 Септември“ дека има ниски резерви од повеќето крвни групи, градоначалникот на Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани кои се во можност да даруваат крв со цел да ги спасат животите на повредените.

„Со цел да се превенира појава на повици за обезбедување на крв, Ве повикуваме да го направите своето дарување во ГОБ секој работен ден од 08.30 до 13.30 часот“, се вели во повикот Градската општа болница „8 Септември“.

 

Споделете:

Scroll to Top